Кривична за албански државјанин поради узурпација на недвижности и бесправно градење

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ј. (59) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Пријавениот во 2015 година незаконски узурпирал објект во сопственост на месната заедница на с.Долно Лакочереј и притоа без дозволи за користење, закуп и градба, на узурпираниот објект истиот бесправно го надградил.