Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија го посетија Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија

Денес министерот за внатрешни работи на Република Србија, Небојша Стефановиќ заедно со министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски и нивните најблиски соработници остварија работна посета на транзитниот прифатен центар “Винојуг” во Гевгелија, каде што во моментов се наоѓаат полициски службеници од МВР на Република Србија.

Полициските службеници од Србија заедно со македонските колеги патролираат и вршат зајакнат надзор на граничната линија кон Грција и учествуваат во секојдневните работни задачи и активности во транзитниот центар во Гевгелија околу регистрација на мигрантите, и останати работни задачи поврзани со мигрантската криза.

Од работниот состанок на двете делегации произлезе заклучок дека досегашната успешна соработка ќе продолжи и во наредниот период со преземање на конкретни мерки и активности кои произлегоа од работната дискусија. Двата министри за внатрешни работи Стефановиќ и Спасовски се договорија и околу размена на информации од службите кои ја покриваат проблематиката за борба против тероризмот и терористичките закани.