Вечерва во Охрид ќе биде доделена Светската награда за хуманизам

Во рамки на празнувањата посветени на Богојавление – Водици, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески вечерва во куќата на Уранија со почеток во 19 часот ќе ја врачи Светска награда за хуманизам на годинешниот добитник Дарко Гашпаровиќ.

Гашпаровиќ е истакнат хрватски славист, дописен член на Хрватската Акдемија на науки и уметности, книжевен теоретичар и театролог, со меѓународно реноме и светски познат екуменист.

По одлуката на седум членото интернационално жири, чиј Претседател е Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Јордан Плевнеш, Г-динот Гашпаровиќ истакна дека, по доделувањето на оваа награда на светската хуманистичка мисла, како што се Солженицин, Рави Шанкар, Оливеира, Питер Брук и нобеловката херта Милер, неговото задоволство е уште поголемо бидејќи следната година Македонија, целокупниот словенски свет, како и сета меѓународна јавност, ќе ја одбележат илјада и сто годишнината од смртта на Св. Климент Охридски, основачот на првиот словенски универзитет и ученик на Св. Кирил и Методи, кои беа прогласени за заштитиници на Европа.

Исто така вечерва кај Долна Порта во Охрид ќе биде промовиран проектот “Охрид град на светскиот хуманизам” од Академик Светлин Русев од Бугарија, кој е и еден од досегашните добитници на ова високо светско признание.