Вчера издадeни 2.300 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 19.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 2.300 странски државјани, од кои 953 се од машки пол, 495 се од женски и 852 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.441, Авганистан–495 и Ирак-364.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 19.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 35.917 странски државјани, од кои 15.106 се од машки пол, 7.726 се од женски и 12.984 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-17.922, Авганистан-11.448 и Ирак-6.544.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 19.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 19.01.2016 година, до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 19.01.2016 година евидентирани се вкупно 10 баратели на азил од кои седум мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, девет баратели на азил ( еден мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и четири малолетни лица без придружба на старател ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.