Македонија 24-34 Хрватска

Македонија играше против Хрватска во натпреварот од втората фаза од Европското првенство во ракомет кое се игра во Полска.

Лош почеток на натпреварот за Македонија. По целосната доминација на Хрватска и резултат 1-5 следуваше тајм-аут за Македонија, но и понатаму не можевме да ја пробиеме противничката одбрана, а на спротивната страна нападот на Хрватска беше немилосрден, кој постигна уште два голови за предност од 1-7, пред колку-толку да се адаптираме на играта и да почнеме да возвраќаме. До крајот од првото полувреме нашите ракометари успеаа да го намалат резултатот на 13-17.

Второто полувреме продолжи да се игра со исто темпо. Хрватска полека, но сигурно ја зголемуваше предноста која достигна и до 10 голови, резултатска разлика која траеше до самиот крај на натпреварот за конечен резултат Македонија 24-34 Хрватска.

Следниот натпревар Македонија го игра во понеделник (25 јануари) против Норвешка со почеток во 18:15 часот.

WebOhrid