Кривична пријава за жител од Џепиште поради пустошење шума

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Пустошење на шума“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против А.Л.(46) од дебарското село Џепиште.

Во периодот од мај до јуни минатата година, пријавениот, спротивно на Законот за шуми и без одобрение за сеча на дрва издадено од надлежен орган, извршил сеча на околу 200 стебла дабови дрва. Тоа го направил во дебарската месност „Коста корија-Врабич“ каде од катарстарски парцели со шума сопственост на Република Македонија неовластено пресекол околу 60 м³ дабови дрва.

Целокупната пресечена дрвна маса, пријавениот А.Л. нелегално ја присвоил и ја продал. Тој, оштетувајќи го Јавното претпријатие „Македонски шуми“, се стекнал со противправна имотна корист од 144.000,оо денари.