Гол на Трајковски за убедлива победа за Палермо

Александар Трајковски постигна гол за Палермо со што го постави конечниот резултат 4:1 за победа на Палермо против Удинезе.

Трајковски влезе во игра во 86 минута, а веќе во следната акција во 87 минута успеа да постигне погодок.

Ова е вкупно трет гол на Трајковски за Палермо, од кои 2 во Лигата и 1 во Купот на Италија.

WebOhrid / фото: palermocalcio.it