Горивата поевтинуваат за 3,5 денари

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 8,83%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 3,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 11.01.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 57,50 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 59,50 ден/лит и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 39,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 4,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 11.01.2016 година и со тоа цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 27,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,467 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 11.01.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 12,857 ден/кг.