МВР вчера издало потврди на 2.184 мигранти

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 24.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 2.184 странски државјани, од кои 915 се од машки пол, 472 се од женски и 797 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.278, Ирак-525 и Авганистан–381

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 24.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 41.227 странски државјани, од кои 17.399 се од машки пол, 8.831 се од женски и 14.896 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-20.599, Авганистан-13.110 и Ирак-7.515.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 24.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 24.01.2016 година, до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 24.01.2016 година евидентирани се вкупно 12 баратели на азил од кои девет мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.