Со силен аплауз поздравен настапот на Народниот театар од Битола во Санкт Петербург

Претставата, која е прво режисерско остварување на Цветановски во битолскиот Театар, беше прикажана во преполната сала на реномираниот руски театар, а актерите во оваа камерна дуо-драма, Соња Михајлова и Маријан Ѓоргиевски, неколкупати беа вратени на бис …

Со силен аплауз и овации беше поздравен настапот на Народниот театар од Битола кој синоќа во театарот „Достоевски“ во Санкт Петербург во Руската Федерација ја изведе претставата „Последната ноќ“ од Ингмар Вилквист, во режија на Андреј Цветановски.

Претставата, која е прво режисерско остварување на Цветановски во битолскиот Театар, беше прикажана во преполната сала на реномираниот руски театар, а актерите во оваа камерна дуо-драма, Соња Михајлова и Маријан Ѓоргиевски, неколкупати беа вратени на бис.

Претставата „Последната ноќ“, која претставува семејна психолошка драма, беше проследена и од голем број актери и членови на еден од најетаблираните театри во Руската Федерација, театарот „Вера Комерсажевскаја“, а меѓу присутните беше и рускиот режисер Александар Баргман кој годинава ќе режира претстава на сцената на битолскиот Театар. Ова прво меѓународно гостување на Народниот театар од Битола во Руската Федерација во 2016 година се реализираше со поддршка од Министерството за култура, а до крајот на годинава се предвидени и гостувања во Соединетите Американски Држави и во Израел.

05