Стружанецот Костески ново засилување во редовите на Макс Струмица

Стружанецот Крсте Костески е новото засилување на ракометниот клуб Макс Струмица. Тој во претходните две и пол години бранеше за РК Охрид 2013, а претходно настапуваше и за РК Струга. Костески играше и за младинската репрезентација на Македонија.

Имено, екипата на Макс Струмица учествува во СЕХА лигата, каде моментално лидер е Вардар.

Костески ќе има можност да дебитира за „Рисовите“ на 3 февруари кога неговиот тим гостува во Белорусија против тимот на Мешков Брест.

Во ексклузивна изјава за WebOhrid, Костески искажа задоволство што се наоѓа во тим со поголема амбиција, а можноста да заигра во СЕХА лигата за него ќе значи искуство повеќе и можност да покаже што умее на голот.

„Големо е задоволството што сум во овие редови. И благодарам на управата за мојот ангажман. Ветувам и верувам дека ќе ги исполнам очекувањата.“ – вели Костески на крајот од нашиот разговор.

WebOhrid му посакува успех!