Промени кои произлегуваат од приклучувањето на Србија кон конвенцијата за заеднички транзит (КЗТ)

Поради приклучувањето на Република Србија кон КЗТ, при изготвувањето на транзитните декларации во појдовна царинска испостава во Република Македонија, за возила кои ќе транзитираат низ Република Србија, како транзитна испостава потребно е да се внесе ЦИ Прешево (царинска испоставa на Република Србија со код RS015172).

Досегашниот начин на работа (внесот на ЦИ Табановце автопат МК002031) беше неопходен поради прекин на подрачјето на кое важи КЗТ, може да биде напуштен затоа што Република Србија од 01.02.2016 година ќе стане полноправен член на Конвенцијата за зaеднички транзит.

За полесна работа во прилог е дадена листа со сите царински испостави во Република Србија заедно со нивниот географски инфо – код.

За сите дополнителни информации можете да се обратите на nctshelpdesk@customs.gov.mk