Се гради канализационата мрежа на дел од улицата „Александар Турунџиев“

Јавното претпријатие „Нискоградба“, во рамки на своите активности започна со изведба на канализациона мрежа на крак од ул. „Александар Турунџиев“. Ќе се изведат три ревизиони шахти и ќе се постават цевки Ф- 200, во должина од 100 метри.

Со изградбата и приклучување во мрежата за одведување на отпадни води се продолжуваат активностите на изведување на мрежа секаде каде има минимални услови за тоа, а се со цел подобрување на квалитетот на живеење на населението кое живее не тој дел и водење на грижа за заштита на животната средина.

Aleksandar_Turundze_kanalizaciona_4851