Кривична пријава за скопјанец за злоупотреба на лични податоци на Фејсбук

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против О.В.(37), за сторено кривично дело “злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот во период од неколку месеци незаконски прибавил лични податоци на оштетената Л.Ш. на социјалната мрежа „Facebook“ и истите активно ги користел во повеќе наврати при што направил злоупотреба на нејзините лични податоци на интернет, односно пристапувал на нејзиниот профил и од истиот објавувал разни објави и фотографии со недолична содржина. По пријавувањето на случајот од страна на оштетената извршена е истрага од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика по којашто е извршена анализа на добиените ИП, кога е извршена злоупотреба на личните податоци, и воедно утврдени се повеќе ИП адреси со точно време и дата кои по анализата наведуваат дека корсник на истите бил пријавениот О.В.