Непроменети цените на угостителските услуги во јануари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2016 година, во споредба со декември 2015 година, остана на исто ниво.

Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.6%.