Попоски: ЕУ ќе го забави приливот на бегалци кон Северна Европа

Ветување од земјите од ЕУ за забавување на приливот на бегалци кон Северна Европа, добила Македонија на состанокот на министрите за надворешни работи, кој викендов се одржуваше во Амстердам, тврди министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски.

Според Попоски, Србија, Хрватска, Унгарија, Словачка и Чешка ѝ понудиле на Македонија помош во полицајци, опрема и за формирање центри за регистрација, додавајќи дека не е важно како таа помош ќе биде наречена.

„Најважно е да имаме луѓе и опрема за да можеме да ја контролираме границата и да ја спроведуваме регистрацијата на оние места каде што треба луѓето легално да ја минуваат границата“ – вели Попоски.

Министрите на надворешни работи на ЕУ во Амстредам ја разгледуваа можноста за испраќање поголема помош за Македонија за подобра заштита на европските граници.

Извор: meta.mk