Кривична пријава за охриѓанец поради незаконит риболов

Регионален Центар за Гранични Работи – Запад поднесе кривична пријава против Д.Ѓ. (51) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „незаконит риболов”.

На 26-ти јануари годинава од страна на полициски службеници од Полициската станица за ГН „Охридско Езеро“ на брегот на езерото наспроти плажа „Потпеш“, пријавеното лице било затекнато со метален чамец и рибарска опрема како врши незаконит риболов. При извршен преглед над металниот чамец пронајдени се две рибарски мрежи.