Ташевска-Ременски: Кожната болест „скабиес“ била дијагностицирана минатата година, а надлежните не пријавиле во министерството

Министерската за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски ги посети Јавната установа Дом за доенчиња и мали деца-Битола, Дневниот центар за деца со посебни потреби и Центарот за социјална работа во Битола при што изврши увид во работењето на установите со цел запознавање со потребите и активностите на истите.

При посетата на Домот за доенчиња и мали деца, Ташевкса-Ременски посебно се интересираше за здравствената грижа и состојбата на дечињата кај кои во текот на месец јули, ноември и декември минатата година било дијагностицирано кожно заболување. Министерката посетата на Домот за доенчиња и мали деца го искористи и да ги демантира како што кажа, тенденциозните написи на одредени медиуми коишто имаа за цел да ја сокријат одговорноста на разрешената директорка за непријавување на состојбите во Домот.
Како што истакна министерката Ташевска-Ременски, в.д. директорката на Домот за доенчиња по преземањето на функцијата информираше за сите состојби во Домот и се погрижи да обезбеди засилени мерки за надзор и засилена здравствена грижа за дечињата кај кои била констатирана кожна болест и тие се чувствуваат добро.

Вонредниот инспекциски надзор нотира дека три дечиња имаат кожна болест, но таа не соодветствува на болеста на претходните шест дечиња.Ташевска-Ременски во изјавата дадена во Домот за доенчиња и мали деца, апелираше медиумите одговорно, објективно и совесно да ги пренесуваат сите информации поврзани со работата на јавните установи, акцентирајќи дека тенденциозното ширење на дезинформации најголема штета им нанесува на дечињата коишто чекаат да бидат згрижени и посвоени и на совесниот персонал којшто посветено се грижи за дечињата во Домот за доенчиња и мали деца.

При посетата министерката оствари работна посета и со одговорните во Дневниот центар за лица со посебни потреби, се запозна со нивните активности и искажани потреби. По посетата на дневниот центар, министерката ја продолжи посетата со работна средба со в.д Директорот на ЈУ- Меѓуопштински центар за социјална работа-Битола, Тони Деспотовски.За време на денешниот престој во Битола, министерката Ременски најави отворање на постапка за реновирање на Дневниот центар за стари лица во населбата Буковски ливади во Битола.

Bitola_cont1