Се работи на кружниот тек на пресекот на „Туристичка“ и „Абаз Емин“

Интензивно се работи на формирање на линијата на новите тротоари и средишните острови на пресекот на булевар „Туристичка“ со улица „Абаз Емин“ каде во тек е градба на кружен тек.

Поставувањето на подземните инсталации од страна на ЈП „Нискоградба“ и кабелските оператори е завршено.

Се очекува во текот на следната недела да се оформи средишниот круг по што ќе следи стругање на постојниот асфалт со профилирање и поставување на два нови асфалтни слоеви.