Меморандум за соработка со Стопанската комора на Северозападна Македонија

Царинската Управа на Република Македонија и Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија на 17 февруари 2016 година, потпишаа Меморандум за соработка како резултат на добрата долгогодишна соработка.

Главните цели на Меморандумот се однесуваат на организирање на обуки за бизнис заедницата како и согледување на потребата и темите за нивна реализација.

Царинската Управа и Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија партнерски ќе работат на спроведување анализи и обуки за потребите на претставниците на бизнис заедницата и на други целни групи за нивно континуирано стручно усовршување, како и на подготовка на програми во кои ќе се определуваат теми, опфат на соработка и организациони прашања. Исто така, предвидена е донација на стручна литература од областа на царинското и акцизното право, ангажирање меѓународни предавачи и експерти, како и овозможување учество при студиски посети и конференции во земјата и странство.

Партнерството помеѓу Царинската управа и деловната заедница се остварува и преку работата на Советодавното тело, кое е формирано во јануари 2009 година, а во кое активно членува и Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија.