Испит за дозвола за огнено оружје за кандидати обучувани од правното лице ДООЕЛ „Бејбунар“ од Охрид

Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за оружјето, а кои се однесуваат на полагањето на стручен испит за безбедно ракување со оружје, Министерството за внатрешни работи информира дека Комисијата за полагање на стручен испит за располагање со техничко занаење за правилно утотреба, чување и одржување на оружјето на 24.02.2016 во 14 часот во просториите на Испитниот центар “Asseco-see“ (на ул.Христо Смирненски бр.30 Скопје) ќе одржи спроведување на теорискиот дел од стручниот испит.

На овој испит ќе бидат кандидатите од Охрид кои се оспособиле во правното лице ДООЕЛ „Бејбунар“ од Охрид.