Уапсени 22 лица за терористичкиот напад во Анкара

Турската полиција уапсила 22 лица во рамките на истрагата за терористичкиот напад во Анкара, кој се случија на 17 февруари, а во кој загинаа 28 луѓе, соопшти турскиот премиер Ахмет Давутоглу, јавуваат агенциите.

Според Давутоглу припадниците на групата која стои зад нападот е поврзана со курдската работничка партија и силите за самоодбрана на сириските Курди.

„Во рамките на истрагата за терористичкиот напад во Анкара уапсени се 22 лица. Во текот на истрагата прецизно беа утврдени припадниците на организираната група поврзана со работничката партија на Курдистан и со силите за самоодбрана на сириските Курди. Утврдени се сите виновници, земени се податоци, а врската на главните осомничени со силите на сириските Курди е откриена“, изјавил Давутоглу.

Турскиот премиер додал дека развиението систем на базата на отисоци од прсти, што ја имаат безбедносните служби, помогнал во пронаоѓањето и апсењето на осомничените за нападот.

Лицето што го извршило нападот, според Давутоглу, во Турција влегло пред една и пол година и претходно немало кривично досие.

Експлозијата на автомобилот бомба се случи во средата на фрекфентна раскрсница во центарот на Анкара, недалеку од зградата на парламентот, генералштабот на турската армија и воениот комплекс. Во нападот загинаа 28 лица, а 80 беа ранети.

Извор: meta.mk