Претседателот Иванов со сочувство до претседателот на Србија, Томислав Николиќ

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод загинувањето на двајцата дипломати на Република Србија во Либија, упати писмо со сочувство до претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ.

„Почитуван господине Претседателе,

Со длабоко жалење ја примив тажната вест за трагичната загуба на двајцата дипломати на Република Србија во Либија.

Во овие тешки моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и за семејствата на настраданите, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на најдлабоко сочувство.

Ве молам, господине Претседателе, изразите на сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите.“– стои во писмото.