Денес се одбележува 12-годишнина од смртта на претседателот Борис Трајковски

Делегација на Собранието во состав Љупчо Димовски, Весна Дамчевска Илиевска, Александар Стојковски и Марјанчо Николов, денеска во 11 часот ќе положат цвеќе на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, во Алејата на великаните на гробиштата Бутел.

Годишнината од смртта на претседателот Трајковски ќе биде одбележана и пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Цвеќе ќе положат директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Златко Перински, директорот на Агенција за млади и спорт, Марјан Спасески, претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаревски, претставниците на Спортското радио, како и претседателот на Сојуз на спортови на Македонија, Борче Боев.

Цвеќе ќе биде положено и на спомен-обележјето во Ротимље во Босна и Херцеговина.

Денеска навршуваат 12 години од смртта на Трајковски, кој загина во трагична авионска несреќа во близина на босанскиот град Мостар. Заедно со претседателот загинаа осум лица, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Извор: meta.mk