Голем успех на учениците од ОУ „Живко Чинго“ на Општинскиот натпревар по математика

Денес во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии Свети апостол Павле – Охрид, а во организација на Здружението на математичари – Охрид, се одржа III Oпштински натпревар по математика. Во улога на домаќин беше ОУ„Живко Чинго“ – Велгошти. Меѓу другите, учениците од ова училиште, на овој натпревар, постигнаа значителен успех и забележителни резултати:

– Втора награда освоија учениците:

• Александар Трпески од 5 одд. под менторство на наставничката Гордана Цановска;

• Екатерина Бочвароска од 7 одд. под менторство на наставничката Славијанка Дојчиноска и

• Елена Кецкароска од 9 одделение под менторство на наставничката Катерина Бошкоска.

Овие ученици се стекнаа со право за учество на Регионалниот натпревар по математика што ќе се одржи во месец март.

– Трета награда освоија учениците:

• Николина Каралиева од 6 одд. под менторство на наставничката Славијанка Дојчиноска;

• Евгенија Пулеска од 7 одд. под менторство на наставничката Катерина Бошкоска;

• Марија Буџакоска од 8 одд. под менторство на наставничката Катерина Бошкоска;

• Стефанија Велјаноска од 8 одд. исто така под менторство на наставничката Катерина Бошкоска.

И овие ученици ќе учествуваат на претстојниот Регионален натпревар по математика.

– Со пофалници се стекнаа учениците:

• Емилија Ристеска од 5 одд. под менторство на наставничката Билјана Пулеска;

• Јован Маркоски од 5 одд. под менторство на наставничката Гордана Цановска;

• Наталија Секулоска од 5 одд. под менторство на наставничката Гордана Цановска и

• Кристина Китрозоска од 7 одд. под менторство на наставничката Катерина Бошкоска.

Вработените од ОУ„Живко Чинго“ упатуваат честитки и желби за понатамошни успеси до своите и до учениците и колегите од останатите основни училишта од општина Охрид.

Исто така денес на Регионалниот натпревар по Германски јазик, кој се одржа во ОУ„Исмаил Ќемали“ во Гостивар, ученичката Марија Павлоска од 9 одд. при ОУ„Живко Чинго“, го освои второто место и се стекна со право за учество на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 12-ти март во Скопје.

WebOhrid