Од две возила во една вечер однеле “плен“ вреден над 100.000 денари

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Д.(33) и А.И.(25) двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека сториле две кривични дела “тешка кражба“ како и против А.Е.Б.(20) и П.П.(42) исто од Скопје поради основано сомнение дека сториле по две кривични дела “прикривање“.

Кривичните дела Ш.Д. и А.И ги извршиле во периодот од крајот на септември до крајот на октомври минатата година, во вечерните часови на подрачјето на Гази Баба. Притоа, на паркинг простор откако се увериле дека нема да бидат забележани од никого со помош на физичка сила и подесен предмет ги скршиле прозорските стакла од возилата и од нив одзеле лап топ компјутери, новчаник со пари и лични документи , патна торба со гардероба по што го напуштиле местото на настанот. Со извршувањето на кривичните дела истите се стекнале со противправна имотна корист од околу 104.000 денари.

Пријавените, украдените предмети во повеќе наврати и на разни локации, а најчесто кај ТЦ „Чаирчанка“ ги продавале на третопријавениот А.Е.Б. кој иако знаел дека предметите потекнуваат од претходно извршени кривични дела, ги купувал од нив, а потоа истите ги огласувал на оглас на „Реклама 5“ за продажба оставајки го својот телефонски број за контакт. Четвртопријавениот П.П. од А.Е.Б. во неколку наврати купил лап -топ комјутери кои сакал потоа да ги препродаде, а во контакт со него стапил преку телефонскиот број кој бил оставен за контакт на огласот на „Реклама 5“.

На 12.11.2015 година во ПС ОН „Гази Баба“ бил повикан П.П. и со него бил извршен разговор во кој го објаснил начинот на извршувањето на кривичното дело. На 22 минатиот месец во ПС ОН „Гази Баба“ А.Е.Б. бил приведен и со него бил извршен разговор, во кој истиот го појаснил начинот на извршување на кривичните дела. На 23. 01., пак со судска наредба бил извршен претрес во домовите на Ш.Д. и А.Е.Б. На 02.02. во ПС ОН „Гази Баба“ бил приведен Ш.Д. и со истиот бил извршен разговор, а додека А.И. не е пронајден и по истиот се трага.

Инаку Ш.Д. e познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, кривични дела против здравјето на луѓето и кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај, за што од страна на СВР Скопје во периодот од 2000-2014 година поднесени му биле 22 кривични пријави. На А.И. во 2010 година од страна на СВР Скопје поднесена му била една кривична пријава од областа на безбедноста на јавниот сообраќај, а на А.Б.Е. во 2014 година од страна на СВР Скопје поднесена му била една кривична пријава од областа против јавниот ред.