Романци извршиле кражба во златарница во Охрид

Вчера во 20.00 часот на ГП Табановце поради сомнение дека извршиле кражба на златарница во Охрид приведени се лицата М.Ц., Л.А. (25), М.Ц. (58) и М.Ф. (67), сите од Романија.

При преглед кај Л.А. се пронајдени три златни ланчиња, додека при претрес на нивното ПМВ „Форд“ со германска регистарска ознака пронајден е и останатиот златен накит. Во 21.30 часот со потврда за предавање, лицата и предметите се предадени на инспектори од СВР Куманово за понатамошна постапка.