Состанок помеѓу министерот Спасовски и Претставникот на UNHCR во Македонија

Денес во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија се одржа состанок меѓу Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и Претставникот на Канцеларијата на Високиот Комесар за бегалци на Обединетите нации – UNHCR во Р. Македонија, Мохамед Ариф.

Министерот за внатрешни работи и Претставникот на Канцеларијата на Високиот Комесар за бегалци на Обединетите нации – UNHCR во Република Македонија, имаа можност да ја разгледаат состојбата и да разменат информации во однос на бранот бегалци и мигранти кои транзитираат низ Република Македонија кон западно-европските земји, имплементацијата на Законот за азил, околу актуелните предизвици и начините за решавање на бегалската, односно мигрантска криза, статусот на лицата со веќе признат статус на бегалци и во Република Македонија од претходната тнр. косовска криза и натамошната заемна соработка и координација. Притоа, во тој правец, беше изразена силна подготвеност за продолжување на добрата соработка од двете страни.