Непроменети цените на угостителските услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2016 година, во споредба со јануари 2016 година, остана на исто ниво.

Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0.3%. Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.6%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-февруари 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.6%, додека во однос на декември 2015 година остана на исто ниво.