Денот на жената одбележан во Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“

Меѓународниот ден на правата на жената се славеше и во Здружението налица со телесен инвалидитет „ Мобилност “. Заменик градоначалникотАнгел Јанев им го честиташе празникот на сите жени членки на ова
здружение и најави дека во тек е реализација на уште еден проект со кој Охрид ќе добие и плажа за лицата со инвалидитет, со што ќе се овозможи и овие лица да уживаат во Охридското Езеро.

Претседателот на здружението на лица со телесен инавалидитет „Мобилност“, Венко Голабоски рече дека соработката со Локалната самоуправа успешно продолжува и дека ќе следат и други проекти иницирани од нивното здружение.