Германскиот пратеник Хакверди: Фер избори и исполнување на условите се поважни од брзи избори

Германскиот пратеник, Метин Хакверди, во изјава за медиумите истакна:

„Имавме добра дискусија ова утро во врска со документот којшто го завршивме со парламентарната група на социјалдемократите во Германија.

Ова се тешки времиња. Имаме процес со Солун веќе 12 години и за мене изгледа како процес што оспорува. Ние сакаме да го забрзаме овој процес во оваа точка и проблемите што се зборуваат со години да почнат да се менуваат. Ние зборувавме за бегалската криза, што не треба да биде оправдување за политичките реформи во државата. На бегалската криза ние гледаме како шанса да зборуваме за реформите коишто треба да бидат направени во државата.

Зборувајќи за потенцијален нов датум за избори во Јуни или друго време, за нас е поважно да има фер избори, наместо брзи избори, посебно во областа на јавниот сервис и слободата на медиумите генерално, но посебно пред одржувањето на изборите.

Тоа е она што сакав да го споделам денес.“– рече Хакверди.