Средба на министерот Јолевски со израелскиот амбасадор Орјан

Македонија и Израел имаат одлична соработка на полето на одбраната, соработка која мораме да ја унапредуваме и развиваме и во иднина, заклучија министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски и амбасадорот на Израел, акредитиран за нашата земја, Дан Орјан на денешната средба во Министерството.

„Република Македонија и Министерството за одбрана големо внимание посветуваат на процесот на образование и едукација. Тоа е еден од нашите приоритети“, истакна министерот Јолевски на средбата во однос на процесот за развој на Армијата на Република Македонија.

DSC_5037_resize

Воената академија, додаде министерот, е исклучително квалитетна институција која ќе продолжи да се развива и во иднина, сè со цел да продолжиме да креираме професионални кадри кои ќе бидат идните лидери во Армијата на Република Македонија. Министерот Јолевски го спомена процесот на прераснување на Академијата во Национален универзитет за одбрана и безбедност, што ќе воведе еден нов квалитет во високото образование во областа на одбраната.

Во тој контекст, амбасадорот на Израел, Орјан посочи дека Израел поседува развиени високообразовни институции кои се подготвени за соработка и размена на идеи и искуства.

DSC_5045_resize