Словенија со нов дрес против Македонија

Фудбалската репрезентација на Словенија има нов дрес, а ќе го промовира токму на пријателскиот натпревар против Македонија кој ќе се игра на 23 март во Копер Словенија со почеток во 18:00 часот.

Фудбалската федерација на Словенија веќе ги пушти во продажба влезниците за овој пријателски натпревар. Цената изнесува 15 евра за влезница за покриената трибина и 10 евра за деца до 14 години, додека пак за непокриениот дел од трибините цената изнесува 12 евра, и 7 евра за деца до 14 години.

WebOhrid