Во Охрид ќе се одржи едукативна трибина за алтернативните форми на мобилност

Во Охрид ќе се одржи едукативна трибина за алтернативните форми на мобилност. На трибината ќе се дискутира за тоа како зголеменото користење на алтернативните форми на мобилност (велосипедите, ролерите, пешачењето и сл.), можат да придонесат до намалување на ризиците во сообраќајот. Додатно, тема ќе биде и како најдобро да се заштитиме себеси и другите кои користат алтернативни форми на мобилност, а ќе биде направен пресек и на состојбите во сообраќајот во Охрид во периодот од 2010 година до сега.

Едукативната трибина е во организација на Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Поканети се сите кои што сакаат да ги слушнат излагањата исполнети со практични примери и корисни совети на: Љупчо Ставревски – претставник на РСБСП, проф. д-р Никола Крстановски – Професор на технички факултет во Битола и м-р Стефан Димоски – претседател на ОСБСП Охрид и портпарол на СВР Охрид.

Трибината ќе се одржи утре (11 март) во големата сала на Советот на Општина Охрид, со почеток од 18:00 часот.