Министерот Спасовски се сретна со специјалниот претставник на Генералниот секретар на Советот на Европа за миграциja и бегалци Томаш Бочек

Денес во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија се одржа состанок меѓу министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски и специјалниот претставник на Генералниот секретар на Советот на Европа за миграциja и бегалци Томаш Бочек.

Главниот фокус на посетата на Бочек беше ставен на состојбата со бегалците и начините за справување со кризата. Притоа, министерот Спасовски го информираше Бочек за максималните напори што Република Македонија ги прави за обезбедување на хуман прифат и третман на бегалците и почитување на човековите права, што претставува приоритет на Република Македонија.