Средното музичко училиште „Лука Соркочевиќ“ од Дубровник во посета на охридската Гимназија

На 11 и 12 март хорот на Средното музичко училиште „Лука Соркочевиќ“ од Дубровник под менторстово на проф. Маја Марушиќ престојуваше во посета на Охрид и охридската гимназија Св.„Климент Охриски“.

Во состав на посетата се одржа концерт во Големата сала на општина Охрид.

Во рамките на оваа соработка хорот при Охридската гимназија под менторство на проф. Александар Димоски беше поканет да направи возвратна посета во иднина.