Oд јуни „Ер Србија“ трипати неделно ќе лета од Белград за Охрид

Српската авиокомпанија „Ер Србија“ најави дека од јуни оваа година ќе воведе три сезонски летови неделно на релација Белград – Охрид.

Според информациите што ги соопшти српскиот национален авиопревозник, летовите ќе се реализираат во понеделник, среда и во петок, а патниците ќе летаат со турболесен авион „ATP“ со 66 седишта.

Охридските туристички работници очекуваат нов прилив на гости од Србија, но и од други подрачја, бидејќи поволните конекции им одат во прилог на туристите што спојуваат море и езеро.

„Ер Србија“ ќе го зголеми бројот на летови од Белград кон Дубровник, што ќе ги реализира секојдневно и ќе воведе петти неделен лет кон Пула, а кон Тиват ќе се воведат два дополнителни лета неделно, со што во летната сезона на релацијата Белград – Тиват, ќе има околу 30 повратни летови неделно.

Изворmeta.mk