Започнаа градежните активности околу проектот за реконструкција на улици во Ботун

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид во с. Ботун, Општина Дебрца, каде што се одвиваат градежни активности околу изградбата на атмосферската канализација, која е дел од проектот за реконструкција на улици во с. Ботун со должина од 1 км. Атмосферската канализација ќе биде изведена со бетонски цевки со попречен профил од 1000 мм, со вкупна должина од околу 300 метри, информираат од Општината.

„Согласно динамиката за изведување на градежните активности покрај изградбата на атмосферската канализација проектот предвидува крпење на ударните дупки и надградба над постојниот асфалт со нов асфалтен слој со д=7см со ширина но коловозот од 3.0-3.5 метри и банкини од 0.75 см, изведба на тротоари и проширување на улицата на одредени места потребни за паркирање.“– додаваат од Локалната.

1-botun ulica 11111111

Реконструкцијата на улиците во с.Ботун е проект на Општина Дебрца во соработка со Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како мерка 322.2 за Обнова и развој на селата со вкупна вредност од 9.459.950,0 денари со вклучен ДДВ.

1-botun ulica 4444444