Груевски: Македонија е лидер во светот по најниска даночна стапка

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски потенцираше дека поддршката за компаниите дава резултати.

„Силниот економски раст е директно поврзан и со поддршката за домашната економија, на македонските компании и со креирање на мерки кои се во насока на поддршка на домашните компании, во поддршка на инвестициите на домашните компании, на отворањето на нови работни места. Поддршката за компаниите дава резултати. Значајна поддршка посебно во изминатиот период беше намалувањето на даноците и царинските давачки, како и останатите сегменти поврзани со регистрацијата и правењето бизнис, што впрочем е евидентирано и во извештаите на Дуинг бизнис, а од пред некој ден и според Бизнис инсајдер“, истакна Груевски.

Како дел од отчетот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска свое излагање имаше и вицепремиерот Зоран Ставрески.

“Македонија е лидер во светот по најниска даночна стапка според Бизнис инсајдер со стапка која ниедна друга земја во светот ја нема. Како поддршка на стопанството и економијата се чувствува. Со многу труд и правилни одлуки кои многумина ги доведуваа во прашање , но знаевме дека кај фирмите нема подобар начин да бидеш пријател со нив и да ги мотивираш да ги плаќаат даноците. Ние тоа го правевме 10 години, дури кога сите земји во кризата зголемуваа даноци, ние во ниеден момент не го направивме тоа. Земјите го зголемуваа ДДВ, данокот на добивка, но ние знаевме дека работниците и фирмите ќе настрадаат ако го направиме тоа. Во 2009 година воведуваме 0 данок за нераспределена добивка од плаќање на данок. Во првата година кога почна кризата. Траеше сите години до 2015 во таква форма. Годишно меѓу 80 и 100 милиони евра остануваа кај фирмите. 480-500 милиони евра наместо во буџетот останаа во македонските фирми. Околу 173 милиони денари меѓу 2007 и 2015 се капитални инвестиции. 3 милијарди евра капитални инвестиции кои помогнаа да се создадат работни места за македонските градежни компании, малите индустрии и слични дејности. Во 2014 година намален ДДВ за училишен приборн, бебешки производи и добиточна храна и животни. Овие мерки ги ветивме во 2014 и ги реализиравме веднаш“, потенцираше Ставрески.