Меѓународен ден на среќата

Што претставува Меѓународниот ден на среќата? Тоа е ден за да се биде среќен, се разбира! Од 2013 година, Обединетите нации го одбележуваат Меѓународниот ден на среќата, како начин да се признае важноста на среќата во животот на луѓето од целиот свет. ОН започна 17 одржливи развојни цели кои бараат да се стави крај на сиромаштијата, намалувањето на нееднаквоста, како и заштита на нашата планета – три клучни аспекти кои водат кон благосостојба и среќа.

ОН повикуваат секој човек на секоја возраст, секоја училница, секој бизнис и сите влади да го одбележуваат Меѓународниот ден на среќата секоја година на 20 март.

„Во ова време на тешки неправди, разурнувачки војни, масовно раселување, сиромаштија и други вештачки причини за страдање, Меѓународниот ден на среќата е глобална можност да се утврди дека мирот, благосостојбата и радоста го заслужуваат приматот.“ – истакна Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

Оваа година, на Обединетите нации им се приклучија дури и цртаните ликови Angry birds www.angrybirdshappyplanet.net

Овие анимирани амбасадори помагаат да се подигне свеста за важноста на климатската акција за нашата заедничка иднина.

WebOhrid