Во јануари просечната нето плата изнесувала 22.254 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, изнесува 102.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (14.5%), Административни и помошни услужни дејности (9.7%) и Градежништво (8.7%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (15.6%), Информации и комуникации (12.8%) и Преработувачка индустрија (7.2%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2016, изнесува 22 254 денари. Во јануари 2016 година, 1.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.