Конкурс за УЕФА Б Тренерска Диплома

Центарот за едукација на тренери при ФФМ објави упис на тренери кандидати за курсот за добивање на УЕФА Б Тренерска Диплома. Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

– Најмалку 22 години старост, копија од пасош или лична карта

– Најмалку средно образование, копија од диплома

– Најмалку 4 години активно играње во било кој ранг, се докажува со потврда од фудбалски клуб во оригинал

– Важечко лекарско уверение во оригинал

– Македонско државјанство

– Уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност на сметка на ФФМ (Сметка: 300000001599760 во Комерцијална Банка, Примач – ФФМ Скопје, цел на дознака за УЕФА Б курс).

Комплетната документација, со задолжителни контакт детали, кандидатите да ја достават до Центар за Едукација на ФФМ најкасно до 30.04.2016. По завршување на уписот ќе биде одредена и датата на одржување на првиот дел од курсот за добивање на УЕФА Б тренерска диплома и кандидатите ќе бидат информирани за истото.

Исто така, ФФМ во соработка со УЕФА направи програма за помагање и финансисрање на тренери-жени кои сакаат да ја започнат својата едукација, затоа ФФМ ги охрабрува сите заинтересирани кои ги исполнуваат горенаведените услови да се пријават и да земат активно учество во тренерската едукација.

Дополнителни информации заинтересираните можат да добијат на: mario.gjurcinovski@ffm.com.mk