Фудбалски турнир за ученици од основните училишта во Охрид

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, а под покровителство на Општина Охрид, утре и задутре 31 март и 1-ви април (четврток и петок) на фудбалскиот терен со вештачка трева кој е дел од СРЦ „Билјанини Извори“, организира фудбалски турнир за деца (машки) од основните училишта и тоа 6 и 7 одделение.

Турнирот ќе се реализира во соработка со Сојузот на училишен спорт Охрид и Бирото за развој на Образованието. Турнирот е дел од годишната програма за работа на ЈП „Билјанини Извори“ и е почеток на многубројните спортски настани наменети пред се за најмладите кои ќе се организираат во наредниот период. Официјалниот почеток ќе биде утре (четврток) во 10:30 часот на теренот со вештачка трева додека големото финале ќе се одигра во петок со почеток од 13 часот исто така на теренот со вештачка трева.

Организаторите за победниците имаат обезбедено награди и тоа дипломи за првопласираните екипи и деца и пехар за првопласираната.

Натпреварувањата во фудбал продолжуваат во понеделник за кога е закажан турнирот за средните училишта во Охрид.