ОУ „Св.Климент Охридски“ го одбележа Денот на шегата

По повод Денот на шегата, 1-ви април, ОУ „Св.Климент Охридски“ организираше дефиле на маски и костими.

„По повод 1-ви Април, ден кој е еден од најомилените денови на децата, ден кој е препознатлив по насмеаните детски лица, маскирањето, шегата и среќата се организираше дефиле на маски и костими кои беа збогатени благодарение на учениците од козметичките паралелки при ОСУ„ЕМУЦ„ и Лајонс клуб Десарети. Сите маскирани ученици може да бидат нашминкани од страна на учениците односно идните козметичарки, кои подоцна преку игра и пеење го завршија дефилето.“- велат од училиштето.