Претставници на ОБСЕ ја посетија Општина Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески оствари протоколарна средба со претставници на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, Давид Лоеф и Марк Хансел. Дипломатите од ОБСЕ пројавија интерес за актуелната економска ситуација во која се наоѓа Охрид и регионот.

Градоначалникот Бакрачески ги запозна гостите со напорите и преземањата на локалната самоуправа за стратешките интереси на Охрид и региионот, за подобрување на економскиот амбиент, со посебен акцент на туризмот и развојот на регионот како единствена и европски препознатлива дестинација.

Obse_del_31032016_4852 (1)