Основците од „Св.Климент Охридски“ во посета на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Учениците од 9 одделение од ОУ „Св.Климент Охридски“, заедно со својот наставник Бобан Гаврилоски, и оваа година беа во посета на Универитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“.

Целта на оваа посета е запознавање со можностите на информатиката и мотивација на учениците да продолжат да се занимаваат во областа на информатиката како програмери, дизајнери и слично. При посетата остварена е средба со асистент Наум Тунтев и доцент д-р Јане Бакрески кои одржаа предавање.

Асистент Наум Тунтев зборуваше за можностите на програмирањето, посочи колку надежна гранка е информатиката,дека од година во година потребата за ваков кадар е сé поголема.Поголем акцент стави на крерирање мобилни апликации со што и самиот се занимава. Го објасни процесот на креирање, сложеноста, ни посочи примери за мобилни апликации.

Доцент Др. Јане Бакрески ги запозна учениците со можностите на графиката и анимацијата.Во самото предавање вклучи презентација преку која им покажа што сé може да се направи со програмите за графика и анимација. Проектот кој беше презентиран вклучува изработка на 3D Базиликакоја се наоѓала на локалитетот Плаошник.

Во текот на предавањето учениците имаа можност да поставуваат прашања на кои добија соодветни ,па и доста интересни одговори. На самиот крај, ИТ администраторот Нада Андрееска ги поведе учениците на обиколка низ Универзитетот.

Училиштето изразува благодарност до Универитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ за остварената посета и укажаната можност за понатамошна соработка.