Посета на етнолошкиот музеј на колекционерот Јоне Ефтимовски

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски го посетија приватниот етнолошки музеј на колекционерот Јоне Ефтимовски, кој се наоѓа во преспанското село Подмочани.

Во музејот е сместена ретка и импозантна колекција на над 2000 уметнички предмети: прекрасни примероци на накит, оружје, стари монети и над 160 различни македонски национални носии од разни региони на Македонија.