Објавен првиот број од весникот за заштита на регионот на Охридското Езеро, поддржан од УНЕСКО

Како дел од активностите предвидени со Проектот за интегрална заштита на културното и природното богатство на Охридскиот регион поддржан од УНЕСКО, објавен е првиот број од Весникот за заштита на регионот на Охридското Езеро.

Весникот е преглед на сите настани, факти и идни активности во контекст на промоцијата и зајакнувањето на капацитетите на институциите во Охридскиот регион и од македонска и од албанска страна.

УНЕСКО стои зад заштита на наследството на Охридскиот регион од секој аспект, преку зајакнување на институционалните капацитети но развивање на мерки за негова одржливот и промоција како и интегралност преку подготовка за ставање на албанската страна на регионот под заштта на УНЕСКО.

Весникот е на три јазици и именувањето е согласно политиките на УНЕСКО.

LOR-Newsletter Spring-Macedonian