Потпишан Договор за соработка помеѓу Институтот за културно и духовно наследство на Албанците и Академијата на науките на Албанија

Министерот за образование и наука м-р Пиштар Лутфиу, денес присуствуваше на потпишувањето на Договор за соработка помеѓу Институтот за културно и духовно наследство на Албанците и Академијата на науките на Албанија.

„Денес е посебен ден за албанската наука, а особено за албанолошките студии. Денес се поставуваат основите на институционална соработка меѓу двете истакнати албански институции како што се Академијата на науките на Албанија со седиште во Тирана и Институтот за културно и духовно наследство на Албанците со седиште во Скопје“, рече министерот Лутфиу.

Ние како Министерство за образование и наука, потенцираше министерот, сме во функција на забрзан развој на оваа конкретна соработка како и во поглед на понатамошно унапредување на образованието и науката воопшто.

Науката, додаде тој, постојано е во развој и напредок, со што се подразбира дека и заедничките цели на соработка и унапредување на албанските научници се многу бројни.

„Јазикот, литературата, историјата, културното наследство претставуваат само неколку прашања каде што тие можат да ги исполнат научните интереси на овие две важни институции на Албанците во Балканот“, истакна Лутфиу.