ОУ „Живко Чинго“ со најдобар солист и освоено второ место на хорот на Регионалните хорски смотри

Во ОУ „Христо Узунов“ денес се одржаа Регионалните хорски смотри. На манифестацијата учествуваа хорови од основните и средните училишта од Охрид, Струга и Кичево. 

Ученичката Билјана Буџакоска од ОУ „Живко Чинго“ го освои првото место на Регионалниот натпревар во дисциплината најдобар солист и со тоа се стекна со право за учество на Државниот натпревар кој ќе се одржи во Кавадарци на 8ми мај. Хорот од Основното училиште „Живко Чинго“ на хорските смотри го освои високото второ место. Сето ова е водено под диригентската палка на менторот Оливера Петковска.

„Упатувам големи честитки до сите ученици од хорот, до најдобриот солист и до менторот, им посакувам и понатамошни успеси. На ученичката Билјана и посакувам висок пласман на Државниот натпревар.“- вели директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски.

This slideshow requires JavaScript.

WebOhrid